Мицкоски ќе оди кај Пандаровски и ќе бара објаснување зошто му дал мандат на Заев

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со пратениците од партијата ќе одат пред канцелариите на претседателот Стево Пендаровски пред вилата Водно и ќе бараат да им објасни врз основа на што тој го доделил мандатот за состав на нова влада на Зоран Заев без обезбедено мнозинство.

-Денеска бевме сведоци на очигледно кршење на Уставот, а од денес активен учесник во тоа е и Пендаровски. Тој без никаков доказ денеска му го даде мандатот на Заев без да има доказ за тоа. Пратеникот Заев и самиот кажа дека нема мнозинство. Претседателот на државата беше активен учесник во прогласувањето на вонредните состојби според потребите на Зоран Заев и СДСМ за да се организираат изборите. Пендаровски ни збор на кажа за поскапувањето на струјата, за пропаста на една банка, за катастрофалното справување со кризата со ковид-19, за блокадата на македонските граѓани, за економското цунами, за изборниот грабеж, за злоупотребите на вонредната состојба, за неизвесноста од почетокот на учебната година… а денес го видовме како го дава мандатот на пратеник кој нема мнозинство. Со ова Пендаровски стана соучесник во сите криминали на Заев, тој е пион и извршител на неговиот партиски шеф Зоран Заев, изјави Мицкоски.

Со ова, рече Мицкоски, Заев добу уште 20 дена во обидите да обезбеди мнозинство со купување на пратеници и други непринципиелни потези.

InterServer Web Hosting and VPS