ПРЕГОВОРИТЕ СО СДСМ НЕ СЕ ВО ЛОШ ПРАВЕЦ, РЕЧЕ АХМЕТИ

ДУИ е фактор на стабилност во државата и нема да делува со притисоци, кажа лидерот на партијата Али Ахмети за преговорите со СДСМ околу формирањето на новата влада.

Ахмети како и претходно Заев не сакаше да каже детали од преговарачкиот процес, но тие биле поставени од интересите на граѓаните.

„ ДУИ работи со ладна глава и огнено срце. Преговорите ги водат партии со големо политичко и преговарачко искуство. Работите не се во лош правец, работите се толку блиску колку што се и далеку. ДУИ е фактор на стабилност во државата, нема да делува со притисоци туку ќе најдеме правилен пат за да служиме на државата и колку што можеме полесно да ги надминеме сите потешкотии со кои се соочуваме како последица на коронавирусот. Во оваа земја сме биле и секогаш ќе останеме конструктивни, а не невидливи непријатели како што е ковид-19“, рече Ахмети.

Заев кој го доби мандатот од претседателот Стево Пендаровски за состав на влада најави дека денес ќе има нова средба со Ахмети.

InterServer Web Hosting and VPS