Microsoft во септември ќе го лансира Surface Duo по цена од 1399 долари

Microsoft конечно ја објави достапноста и цена на својот Surface Duo флексибилен телефон. Android уредот ќе има малопродажна цена од 1399 долари, а продажбата почнува од 10. септември.

Познат е и остатокот од спецификациите на уредот, кој вклучува два 5,6 инчни FHD+ OLED дисплјеа со 4:3 однос на страници, минатогодишниот Snapdragon 855 чипсет и батерија со капацитет 3577 mAh. Surface Duo има и една 11MP F/2.0 камера, сместена во горниот агол на десниот дисплеј, заедно со LED блицот. Microsoft ја споменува „super zoom“ опција, со 7x зумирање кое е во целост дигитално. Камерата исто така е способна да снима 4K видео до 60fps и има електронска стабилизација на сликата.

Главната продажба ставка на Surface Duo уредот е неговата можност за мултитаскинг, а уредот користи Android 10 со прилагоден интерфејс за кој Microsoft верува дека ќе претставува значајна карактеристика кога е во прашање продуктивноста во движење. Microsoft ги преработи и Office и OneDrive Android апликациите специјално за Duo.

Уредот има шарка од 360 степени, која овозможува прилагодливи модови на користење, а тука е и поддршката за Microsoft Surface пенкалцето. Duo е прилично складен уред, со дебелина од 9,6 мм кога е склопен. Иако батеријата од 3577mAh е помала од актуелните стандарди, нуди 15,5 часа локална репродукција на видео содржини и до 27 часа разговори. Во пракувањето стигнува и 18W адаптер за полнење.

Microsoft Surface Duo има 6GB RAM и 128GB/256GB простор за складирање. Забележителен е и недостатокот на 5G и NFC поддршка. Нема ни IP сертификат, опција за проширување на просторот за складирање, како ни стерео звучници. Surface Duo ќе биде достапен во САД, а меѓународната достапноста не е спомената досега.

InterServer Web Hosting and VPS