Dell го претстави премиум Latitude 7410 Chromebook Enterprise

Компанијата Dell претстави нов Chromebook бизнис модел на лаптоп. Во прашање е Latitude 7410 Chromebook Enterprise, кој пристигнува во стандардна лаптоп и 2-во-1 варијанта. Dell истакнува дека ова е прв Chromebook на компанијата, кој може да се конфигурира да биде или лаптоп или 2-во-1 модел.

Во извесна мерка, лаптопите се слични со своите Windows верзии. Пристигнуваат со 10. генерација процесори, до  Comet Lake четиријадрениот Core i7 модел и со 14-инчен екран до UHD резолуција. UHD панелот е и прв кој интегрира намалување на синото светло.

Dell повторно ја потенцира батеријата во рамките на својата Latitude линија, ветувајќи 21. час автономија со овој модел. Компанијата, исто така, тврди дека ова е најдобрата батерија во некој Chrome OS конвертибилен лаптоп и дека може да се наполни до 80 проценти за еден час со Dell ExpressCharge. Лаптопот пристигнува и со опции за целуларна конекција со Intel 4G модемот.

Dell Latitude 7410 Chromebook Enterprise серијата е достапна по почетна цена од 1299 долари, а наскоро пристигнува и модел со Core i3 процесор и цена од 1099 долари.

InterServer Web Hosting and VPS