Huawei патентираше сензор за отпечатоци преку целиот дисплеј

Технологијата на сензорот за отпечатоци во текот на годините еволуираше до точка повеќе да не треба да биде инсталирана од надворешната страна на уредите. Почнуваат да се појавуваат се повеќе телефони кои технологфијата ја имплементираат под екранот, но само на дел од дисплејот. Тоа значи дека и натаму е потребно корисниците да постават прст на сензорот за да очита отпечатокот.

Меѓутоа, Huawei има идеја за дисплеи кои повеќе не бараат дел од екранот да биде резервиран за читачот на отпечатоци од прсти. Компанијата поднесе барање за патент за сензор за отпечатоци од прсти, кој работи на целиот дисплеј. Тоа значи дека корисникот може да го притисне било кој дел од екранот за да ја изврши верификацијата.

На овој начин, корисникот може и да „скрие“ каде се наоѓа сензорот за отпечатоци, што ќе им го отежни на неавторизураните корисници отклучувањето на уредите кои не се нивни. Покрај ова, сензорот може да се смести и преку иконите на апликациите, па можат да се заштитат различни апликации, кои ќе можат да се отворат само доколку се верификувани од корисниците.

Бидејќи се работи за патент, нема гаранции дека решението на Huawei ќе биде имплменетирано во комерцијален производ, но секако делува како добра идеја.

InterServer Web Hosting and VPS