Чупо Мотинг е великан: Му ја подари наградата за играч на мечот на Нејмар

Чупо Мотинг беше човек на одлука во Лисабон и го даде решавачкиот гол во 93. минута со кој го испрати Пари Сен Жермен во полуфиналето од Лигата на шампионите.

УЕФА го круниса напаѓачот кој влезе како „златна замена“ за играч на натпреварот, меѓутоа, тој реши да направи голем потег и да ја подари наградата.

Германецот реши да го повика Нејмар и да му ја даде наградата за играч на мечот. Бразилецот имаше тежок ден, се најде на удар кај медиумите затоа што промаши неколку шанси, па затоа Чупо Мотинг реши да застане во негова одбрана.

Нејмар ја подели асистенцијата за изедначување на 1-1. ПСЖ чека во полуфиналето на РБ Лајпциг или Атлетико Мадрид.

https://twitter.com/adriandelmonte/status/1293658043066904576/photo/1?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1293658043066904576%7Ctwgr%5E&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.gol.mk%2Ffudbal%2Fchupo-moting-e-velikan-mu-ja-podari-nagradata-za-igrach-na-mechot-na-nejmar

InterServer Web Hosting and VPS