Германија: Поради вирус кај ученик во изолација цело одделение

epa08386005 Workers wearing masks arrive on the first day of the resumption of automobile production during the coronavirus pandemic, at the Volkswagen factory in Wolfsburg, Germany, 27 April 2020. Production was shut down in March due to both to lockdown measures designed to stem the spread of the virus and the breakdown of international supply chains. Germany is taking steps to lift lockdown measures in a careful attempt to get the economy back into gear. EPA-EFE/Alexander Koerner / POOL

Само неколку дена по почетокот на новата учебна година, ученици од училиште во Берлин беа испратени во самоизолација, затоа што еден ученик е позитивен на новиот коронавирус.

Патем, новата учебна година во Берлин почна во понеделникот.

„Бидејќи заразениот ученик го испративме дома по еден час, и добро ја вентилиравме училницата, ризикот од инфекција е мал, но сепак постои“, објаснуваат од училиштето во Берлин-Целендорф и додаваат дека целата паралелка е во домашна изолација.

Во писмото до родителите се вели дека училишната администрација е во контакт со надлежната здравствени власти, кои ќе го повика секое засегнато семејство и дека треба да бидат во близина на телефон заради повик.

Укажуваат е дека е важно децата дотогаш да немаат контакт со други лица, но не е наведено за кој период е валиден и дали ќе бидат потребни тестови.

Во едно училиште во Берлин-Ноуклин, кај родител на ученик кој се вратил од одмор во странство е пронајдено присуство на вирусот.

Тој родител, како што беше најавено, помогнал во подготовките за новата учебна година и за време на нив имал контакт со осум други лица, наставници и домарот. Сите тие луѓе сега се во карантин, соопштија од училиштето.

InterServer Web Hosting and VPS