Официјално: Новиот Audi S3

Атрактивните модели изгледаат поагресивни благодарение на поголемите отвори за воздух и на четирите издувни цевки, карактеристики на сите Audi S модели.

Срцето на двата S3 модели се добро познатиот и докажан 2.0-литарски мотор со турбо полнач кој развива 228 kW / 310 КС и 400 Nm, спарен со S Tronic менувач и Quattro погон на сите тркала. Без оглед на верзијата на каросеријата, S3 од 0 до 100 km/h забрзува за 4,8 секунди, а максималната брзина е електронски ограничена брзина на 250 km/h.

Споредено со стандардниот А3 модел, верзијата S е 15 mm поблизу до патот и доаѓа со 18-инчни алуминиумски тркала. Опционално е можно да се добие сет од 19-инчни тркала, а опционални се и matrix LED светлата со 15 индивидуални LED сегменти. Клиентите можат да нарачаат нови S3 Sportback и S3 Sedan со суспензија S Sport за подобра удобност при „нормално“ возење, но и да ја зголемат агилноста во случај на побрзо возење.

Како и надворешноста, ентериерот е суптилно подобрен во однос на A3 со пакетот на опрема S Line. Најзабележителна промена се спортските седишта со подобра странична поддршка, а истите се тапацирани главно со материјал направен од рециклирани пластични шишиња. Малата рачка на менувачот своето деби го имаше на стандардниот модел А3, а воланот со рамно дно и перфорирана кожа е ексклузивен за S3.

Во Европа, S3 ќе биде достапен со дигитален кластер од 10,25 инчи, додека Virtual Cockpit од 12,3 инчи ќе чини повеќе. Тука е и 10,1-инчниот екран од MMI инфозабавниот систем кој сега нуди повеќе функции и е значително побрз.

Продажбата започнува кон крајот на август, а испораките се очекуваат во октомври. Верзијата Sportback во Германија ќе чини 46.302 евра, додека седанот е малку поскап со цена од 47.179 евра.

Најдобро опременото Edition One се нуди Python жолтa боја за хечбекот или Tango Red за седанот со 19-инчни тркала, црни акценти и седишта тапацирани co Nappa кожа.

InterServer Web Hosting and VPS