Електричниот Fisker Ocean ќе се произведува во Европа

Уште пред неколку години беше најавено дека Fisker Inc. компанија основана од страна на Хенрик Фискер во 2016 година, ќе лансира конкурент на Tesla. Истиот тој конкурент беше во концептно издание претставен минатата година.

Сега компанијата официјално потврдува дека моделот Ocean во производство влегува во 2022 година, но и дека ќе се произведува во Австрија, а не САД како што се очекуваше. За таа цел Fisker Inc. потпиша договор со Magna International според кој производството ќе се спроведува во фабриката на Magna во Грац.

Fisker Ocean располага со два електромотори, акумулаторен блок со капацитетот од 80 kW/h и може да помине 480 км со едно полнење и ќе чини околу 40.000 долари. Има и подвижен кров, кој ќе може да се собира автоматски или да се демонтира целосно без тоа да се одразува на структурната цврстина на каросеријата.

Покрај во Европа и САД, овој автомобил ќе биде достапен и на кинескиот пазар.

InterServer Web Hosting and VPS