Цуцуловски: Ако ДУИ не успее да се вдоми во влада тогаш…

„ Ако ДУИ не успее да се вдоми, односно да коалицира со СДСМ или со ВМРО–ДПМНЕ, тогаш барем две работи ќе станат јасни.

– Дека ДУИ, сама по себе, нема доволно моќ да формира влада, ниту да наметне свој премиер.

– Дека СДСМ и ВМРО–ДПМНЕ, ако меѓусебно коалицираат, можат (според сите позитивни закони) да формираат влада и да изберат премиер“

Оттука, недвосмислено следи дека тезата, според која ДУИ е клучот за стабилноста на Македонија, е произволна. Освен, се разбира, ако самата се одлучи за дестабилизација на Македонија“, пишува професорот Љубомир Цуцуловски.

Ова треба да го имаат на ум сите македонски граѓани, кои се залагаат Македонија да се гради како правна држава – значи, според Уставот и законите кои произлегуваат од него. Сето друго би било надвор од позитивната легислатива. Во исто време, треба да биде јасно дека премиер на Македонија може да биде секој, кој навистина ги исполнува уставните и законските критериуми, независно од неговата припадност – партиска, религиозна, етничка, полова или каква било друга припадност, пишува Цуцуловски.

InterServer Web Hosting and VPS