Џафери: Пендаровски не смее да додели мандат пред да се избере спикер

Скопје, 12 авг – Претседателот на Собранието во заминување, Талат Џафери, порача дека шефот на државата Стево Пендаровски ќе направи уставна повреда доколку го додели мандатот, без претходно да биде избран нов претседател на Собранието.

„Неуставно е доделување мандат без да има претседател на Собрание кој ќе ги стави во функција другите рокови кои треба да ги следи Собранието, бидејќи на законодавниот дом роковите му започнуваат од моментот кога ќе го добие известувањето од шефот на државата дека мандатот е доверен. Неовластен човек не може да ги информира пратениците. Ова е форма пропишана во Деловникот. Секој процес кој може да започне, може да го стави под знак прашалник целиот изборен процес кој заврши. Ако некому му одговара тоа да го направи врз оваа основа, нека повели и нека го направи. Јас нема да бидам дел од натамошната јавна дебата, има надлежни институции кои треба да постапуваат со сила на закон – рече Џафери.

InterServer Web Hosting and VPS