Џонсон не ја сака шкотската премиерка на владина седница

Британскиот премиер, Борис Џонсон, го спречи планот на седницата на неговиот кабинет да биде повикана и шкотската премиерка Никол Стерџен.

Предлогот да се повика шкотската премиерка на седница на британската влада го даде генералниот секретар на владата, Мајкл Гов, со цел да се неутрализира сè поголемата поддршка на идејата за независност на Шкотска кај шкотската јавност, но и да ѝ се даде можност на шкотската премиерка да зборува за прашањата што се однесуваат на целото Обединето Кралство.

Но, на Џонсон не му се допадна идејата „Никол Старџен да биде на исто ниво на политичко значење како и тој“, наведува доверлив извор за „Ројтерс“.

Мнозинство од 54 проценти од Шкотите се за отцепување на Велика Британија затоа што шкотската влада, според граѓаните, подобро се справила со кризата предизвикана од коронавирусот од владата на Џонсон.

InterServer Web Hosting and VPS