Имобиле: Во Лацио засекогаш!

Напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле откри дека планира да се обврзе со својот клуб до јуни 2025, најавувајќи дека засекогаш ќе остане „орел“.

Имобиле, кој го израмни рекордот на Гонзало Игуаин од 36 голови во една сезона во Серија А за да ја добие наградата позната во Италија како „капоканониере“, беше поврзуван со враќање во неговиот роден град Неапол, односно во тимот на Наполи, но сега тој тврди дека останува во Рим.

„Планирам да се посветам на Лацио засекогаш. Обновувањето на договорот ќе биде на три години, така што во 2025 година ќе имам 35 години. Пред да дојдам во Лацио, честопати бев во контакт со Наполи, но поради некои причини никогаш не се договоривме. Неапол е мојот роден град, секогаш ќе го сакам, но тоа што ми го даде Лацио е бесценето“, вели Имобиле.

InterServer Web Hosting and VPS