Повеќе од 11.000 граѓани ги искористиле ваучерите за летување

Над 11.000 граѓани досега ги искористиле ваучерите за летување. Најголем дел од нив ги избрале туристичките центри Охрид и Струга. Хотелиерите од регионот велат дека изминативе недела –две се целосно резервирани од домашни гости со ваучери. Но силно недостигаат странските гости и нивното отсуство најмногу се чувствува на прометот во целиот туристички сектор.

Најголемите штети сепак велат од ХОТАМ ќе се бројат во септември кога ќе се види колкав точно е економскиот пад во туристичката индустрија предизвикан од отсуството на странските туристи, но и откажувањето на свадбите оваа година поради коронавирусот.

Инаку за ваучерите за летување од 15. јули досега пријавени се и бројни злоупотреби. На социјалните мрежи па и по огласите за купи – продај може да се види како граѓани ги продаваат ваучерите за цени од по 3.000 до 4.000 денари. Ги нудат на хотели, апартмани, вили и поединци.  

Досега пазарната инспекција поднесе неколку кривични пријави за измами со ваучерите за туризам и во Охрид и во Струга.

InterServer Web Hosting and VPS