Ова е најлудото Audi RS7 со 962 КС

Австрискиот тунер Black Box-Richter во соработка со Nebulusom, HGP Turbo Retrofittingom како и 811 Design го претстави модифицираниот Audi RS7 со значајно подобрени брзински перформанси.

Моделот RS7, германскиот производител го претстави на минатогодишниот саем за автомобили во Франкфурт. Тогаш откри дека под хаубата располага со 4,0 литарски V8 мотор со 591 КС и 800 Nm обртни моменти.

Сепак тунерите создадоа уште “полуд” автомобил кој испорачува дури 962 КС и 1250 Nm обртни моменти. Сето ова овозможува до стотка да забрзува многу побрзо отколку фабричките 3,6 секунди.

Покрај другото, Black Box-Richter го тргна ограничувањето на максималната брзина, го унапреди издувниот систем, постави нови филтри, сензори…

InterServer Web Hosting and VPS