Навивачите собраа 10 милиони евра за да го доведат Балотели

Марио Балотелу имаше големи шанси да стане еден од најдобрите во својата генерација, но поради својот карактер се упропасти. Последен тим за кого настапуваше Балотели е Бреша, се прости на неславен начин, беше отпуштен поради недисциплина.

И покрај ова тој сигурно ќе најде нова средина, бидејќи негов менаџер е Мино Раиола. Бешикташ е тимот со кого преговара, навивачите на турскиот великан силно посакуваат да го видат во своите редови, па токму затоа отидоа чекор напред собраа 10 милиони евра за неговиот ангажман.

Бешикташ има големи проблеми со финансиите, но има лојални фанови кои одлучија да му помогнат на клубот, кој ќе игра квалификации за ЛШ.

Дали нивниот сон ќе се исполно ќе видиме во најскоро време.

InterServer Web Hosting and VPS