Откриени спецификациите и дизајнот на Xiaomi Mi 10 Ultra

Xiaomi потврди дека на 11. август ќе ги претстави Xiaomi Mi 10 Ultra и Redmi K30 Ultra. Сега се појавија неколку информации за варијантите и рендерите на Xiaomi Mi 10 Ultra моделот.

Рендерите го покажуваат телефонот со закривен дисплеј и punch-hole дизајн. Задниот дел на уредот има долг систем со камери, кој вклучува перископ камера, како и три други сензори. Гласините сугерираат дека главната камера има 48MP сензор, перископ камерата има поддршка за оптичко зумирање со висока дефиниција, додека ултрашироката камера ќе може да креира и микро содржини. Телефонот ќе поддржува и снимање на 8K видео.

InterServer Web Hosting and VPS