Еврокомесарката за здравство: Вакцината би била достапна до крајот на годинава

epa08321974 Entrance of Coronavirus Unit of CHU Hospital in Liege, Belgium, 25 March 2020. In order to contain the spread of coronavirus, Belgium is implementing confinement guidelines for the public which is scheduled to be in place until 05 April 2020. Only supermarkets and essential trade will remain open. Countries around the world are taking increased measures to stem the further spread of the SARS-CoV-2 coronavirus which causes the Covid-19 disease. EPA-EFE/BENOIT DOPPAGNE / POOL

Брисел, 10 авг – Европската комесарка за здравство, Стела Киријакидес, изјави дека вакцината против „Ковид-19“ може да биде достапна до крајот на оваа година.

-Иако е ризично да се предвиди во овој момент, имаме некои добри индикации дека првичната вакцина може да биде достапна до крајот на оваа година или почетокот на следната, рече Киријакидес во интервју за интернет изданието на Ханделсблат.

Вакцината нема да ги реши сите проблеми одеднаш, но ќе овозможи постепено враќање на нормалност, рече таа, под услов да се вакцинираат „критична маса на граѓани, особено оние во ризичните групи“.

Научниците не знаат кога вакцината би можела да биде достапна, бидејќи нејзиниот развој може да трае со години или, во теорија, може да се покаже невозможна.

Комесарката исто така предупреди за зголемен број помали и поголеми појави на коронавирус во неколку земји-членки на ЕУ.

Таа ги повика владите „брзо да го изолираат изворот на инфекцијата со тестирање, пронаоѓање контакти и итно изолирање на заразените”.

InterServer Web Hosting and VPS