Трагедија во Белград – почина кошаркарот на Звезда, Мајкл Оџо

Нигерискиот центар на Црвена звезда, Мајкл Оџо почина во Белград на само 27 години, откако имал срцев удар на индивидуален тренинг.

Оџо, кој играше во Србија од 2017 година, претходно овој месец бил заразен од корона вирусот, но подоцна имал негативен тест.

Оџо играше за американскиот универзитет Флорида стејт, пред во 2017 да има неуспешен обид да влезе на НБА драфтот. Во 2017 тој почна да игра за српскиот ФМП, а потоа во 2018 година потпиша за Звезда, за која во две сезони одигра 108 меча, со просек од 4.9 поени и 3 скока во сезоната 2018/19.

InterServer Web Hosting and VPS