По 33 години се снима продолжение на култниот филм кој предизвика ”хаос” во видеотеките: „Ќе биде романтично-носталгичен“

Џенифер Греј, партнерката на Патрик Свејзи во романтичната драма „Dirty dancing“, ќе се појави во продолжението на тој класик од 1987 година, објави во петокот филмското студио.

Греј ќе биде и извршна продуцентка на филмот кој што ќе гo режира Џонатан Левин, изјавил Џон Фелтхеимер, извршниот директор на „Gate Entertainment Corp“.

„Тоа ќе биде романтично-носталгичен филм каков што обожавателите чекаа долго време“ – изјавил тој.

Компанијата не објавила детали, вклучувајќи ја и информацијата кога ќе биде премиерата.

Инаку, Свејзи во 2009-та година почина од рак на 57-годишна возраст.

„Dirty Dancing“ беше хит на кинематографијата и награден со Оскар за најдобра оригинална песна „I’ve Had The Time of My Life“.

Инаку, Свејзи во 2009-та година почина од рак на 57-годишна возраст.

„Dirty Dancing“ беше хит на кинематографијата и награден со Оскар за најдобра оригинална песна „I’ve Had The Time of My Life“.

Филмот во 1987-та година заработи 214 милиони долари ширум светот, па стана првиот филм кој што ја надмина бројката од милион продавани видеокасети.

Филмот во 1987-та година заработи 214 милиони долари ширум светот, па стана првиот филм кој што ја надмина бројката од милион продавани видеокасети.

InterServer Web Hosting and VPS