Бројот на загинати од експлозијата во Бејрут се искачи на 154

Бројот на загинати во експлозијата во пристаништето во Бејрут се искачи на 154, изјави либанскиот министер за здравство, пренесува државната агенција ННА.

Според министерот Хамад Хасан, секое петто лице меѓу 5.000 повредени морало да биде хоспитализирано, а 120 лица се во критична состојба.

Светската здравствена организација (СЗО) побара 15 милиони американски долари за покривање на медицинските трошоци во Либан, по катастрофалната експлозија во Бејрут и во услови на сериозна економска криза и здравствена криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

СЗО наведува дека поради оштетувањето на болниците, вкупниот број на болнички легла во Бејрут е намален за 500.

Речиси 300.000 луѓе останаа без покрив над главата, вклучително и 100.000 деца, и итно им треба сместување и храна. СЗО е загрижен дека оваа состојба може да придонесе за побрзо ширење на Ковид-19.

InterServer Web Hosting and VPS