Совршена SUV алтернатива – Audi A4 Allroad

Германскиот производител Audi го претстави редизајнираниот Audi A4 Allroad, премиум караван кој може се.

Простран, практичен, луксузен, со високи перформанси и зголемено растојание од земја, поради што Audi A4 Allroad воопшто не заостанува зад SUV моделите.

Со суптилните промени на екстериерот и ентериерот, A4 Allroad пред се е освежен и со нови технологии.

Во однос на стандардниот A4 Avant, Allroad има за 35 мм зголемено растојание од земја, но без масивни заштити на подвозјето и проширените лакови на тркалата, иако се за 12мм поголеми, како и 6 и 1 мм пошироки од стандардната верзија.

Audi го обнови надворешниот изглед со благо поместување на страничните линии, кои укажуваат дека не станува збор за обичен „фејслифт“.

Меѓутоа, Allroad не доби значително освежување на ентериерот, и натаму е тука таблетот прикачен на контролната табла со конвенционални контроли за климата, наместо втор екран чувствителен на допир, како кај семејството Q./slobodenpecat.mk

InterServer Web Hosting and VPS