Град Скопје: Досега 2.249 апликации за субвенции на инвертери, средства за уште 3.000

Скопје, 7 авг – Од почетокот на отворањето на јавниот повик за субвенции за инвертери, поднесени се 2.249 апликации, а остануваат средства за уште околу 3.000 барања, информираатод Град Скопје.

Град Скопје ги потсетува граѓаните од сите скопски општини дека е во тек јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата, пришто граѓаните може да аплицираат онлајн.

Повикот ги опфаќа граѓаните кои купиле инвертер од 1 јануари оваа година, до завршувањето на повикот на 30 ноември или до денот на исцрпување на средствата. Од Град Скопје потсетија дека на граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер уред, но не поголема од 62.000 денари во нето износ.

Сите информации за повикот, како и формуларите за електронското пријавување ќе ги најдете на следниов линк: https://www.surveymonkey.com/r/gradskopje-inverter2020.

InterServer Web Hosting and VPS