Хрват повреден во експлозијата во Бејрут: „Мојата операција траеше 4 часа, сега сум подобро“

Еден хрватски државјанин е повреден во страшната експлозија кај пристаништето во Бејрут каде имало амониум нитрат, но досега нема настрадани хрватски државјани, објави вчера Министерството за надворешни и европски работи.

  • Реклама –

„Во моментот на експлозијата во Бејрут се наоѓале 11 хрватски морнари од кои еден е полесно повреден. За сега нема службени податоци дека некој од нив настрадал“, одговориле од МНР.

  • Реклама –

Се работи за морнарот Бранко Перошевиќ, кој е опериран и засега е добро, како и останатите 10 морнари од бродот „City of Rome“.

  • Реклама –

Готвачот од Славонија на кого му се оперирани раката и ногата се обрати со порака за заблагодарување кон лекарите, болничкиот персонал и почесниот конзул во Бејрут, пренесува ХРТ.

„Се е коректно и се чувствувам подобро. Мојата операција траеше 4 часа и помина добро“, вели Перошевиќ.

Транспортниот брод каде работеле хрватските морнари бил специјализиран за превоз на возила, а запловил 6 часа пред експлозијата. Бродот кој наскоро требало да биде продаден, претрпел оштетување и во тек е проценка на штетата.

Поради воведување на дводневна вонредна состојба во Бејрут, враќањето на морнарите планирано за 11 август е продолжено за на 21 август.

InterServer Web Hosting and VPS