Палмер: Во идеален облик, договорот на Србија и Косово да доведе до признавање

Фокусирани сме на поддршката на процесот кој го предводи Европската Унија, кој би требало да доведе до договор меѓу Србија и Косово“, изјави Метју Палмер, заменик помошникот на американскиот државен секретар и специјален претставник на Стејт департментот за Западниот Балкан.

Овој став Палмер го изнесе при разговор за случувањата на Западниот Балкан, организиран од Балкан инсајдер, интернет порталот кој се бави со теми поврзани со Балканот.

Американскиот дипломат укажа дека, како што кажа, во својот идеален облик договорот на Србија и Косово би требало да доведе до заемно признавање на двете страни.

„Приказната за размена на територии, или кој било друг потенцијален аспект на договорот, го одвраќа вниманието од клучната цел: Србија и Косово и нивните влади да седат и да работат на наоѓање пат за нормализација на односите. Ние го поддржуваме тој процес, така што мислам дека е нерелевантно и попречувачко да се зборува за прашања како размена на територии. Треба да се посвети на она што е потребно да се направи за учесниците на преговорите да напредуваат кон сеопфатен договор со кој, еднаш засекогаш, би била ставена точка на спорот“, кажа Палмер.

InterServer Web Hosting and VPS