Газдите кои не ја исплатија државната помош на работниците ќе се спасат од кривична одговорност

Скопје, 6 авг – Иако сите рокови за исплата одамна се завршени, сепак тие ќе се спасат од кривични пријави за злоупотреба на државни пари. Генералниот Секретатијат ќе чека до утре, и дури потоа, последниот пречистен список од УЈП ќе го достави до Обвинителството.

– Ќе почекаме до утре УЈП да ни го прати пречистениот список и тој понеделник ќе го доставиме до Обвинителството. Тие кои исплатиле во меѓувреме нема да бараме да се гонат кривично – вели Драги Рашковски.

InterServer Web Hosting and VPS