Дебранец физички нападнал полициски службеници

Дебар, 6 авг – Жител на Дебар физички нападнал полициски службеници откако неговиот син бил сопрен со мопед на главната улица во градот. -Вчера во 17.45 часот во Одделението за внатрешни работи приведени и од слобода се лишени Е.Ј.(18) и У.Ј.(55), двајцата од Дебар. Е.Ј. откако бил сопрен со мопед на улицата „Братство – единство“ во Дебар, одбил да им ги даде личните и возачките документи на полициските службеници.

Го повикал неговиот татко У.Ј., кој ги попречувал полициските службеници во постапката за констатирање сообраќаен прекршок и физички ги нападнал, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид. Додаде дека по целосно документирање на случајот, ОВР Дебар ќе поднесе соодветна пријава. Низ улиците во градот не е мал бројот на млади кои се движат со мопеди и со голема брзина, кои и во текот на ноќта ги вознемируваат жителите на градот со бучавата што ја создаваат.

InterServer Web Hosting and VPS