Повторно изненади: Откако изгуби повеќе од 40 килограми, Адел реши да направи нова промена (ФОТО)

Најновата фотографија што Адел ја објави на Инстаграм ги изненади сите оние кои ја следат на таа социјална мрежа.

Наместо правата коса, на која сме навикнати откако таа се појави на сцената, талентираната пејачка сега има слатки кадрици. Сакајќи да ја поддржи Бијонсе, која објави нов визуелен албум, “Black is King”, Адел позираше за фотографија пред екранот на која се прикажува нејзината колешка, а нејзината брановидна коса  дојде до израз.

Адел се обиде да го направи одличен целокупниот визуелен впечаток, па на сликата позира во маица која е во истиот дизајн како онаа што ја носи Бијонсе во видеото. Таа ја заврши фотографијата со зборови на благодарност: „Кралице, благодарам што секогаш нè правиш да се чувствуваме сакани преку твојата уметност“.

Нејзината брановидна коса ги изненади и нејзините фанови. Досега, скоро секогаш сме ја гледале Адел со боб фризура или високо репче. Промената во стајлингот предизвика ентузијазам кај еден дел од нејзините обожаватели, додека други не се двоумеа да ја критикуваат, верувајќи дека нејзината права коса изгледа многу подобро, пренесува Убавина и здравје.

Карактеристичната фризура отиде во минатото. Многу коментари се сведуваат на фактот дека со новата фризура, славната пејачка повеќе не личи на себе. Да потсетиме, на крајот на минатата година, Адел драстично изгуби тежина и изгуби повеќе од 40 килограми, што доведе до целосна трансформација на нејзиното лице и тело.

InterServer Web Hosting and VPS