Густаво Маја официјално во Барселона

Она што беше најавено пред околу еден месец сега доби и официјализација. Тимот на Барселона во своите редови го доведе еден од најталентираните млади Бразилски фудбалери, во моментов членот на Сау Паоло, Густаво Маја.

Младиор офанзивец одби да потпише нов договор со неговиот матичен клуб, па Бразилците немаа друго решение освен да го продадат за 4.5 милиони евра на Барселона.

Ова е втор официјален трансфер на Каталонците летово, откако веќе беше доведен Миралем Пјаниќ.

InterServer Web Hosting and VPS