Четири години од катастрофалните поплави во Стајковци: Никогаш да не се повтори

Скопје, 6 авг – На денешен ден пред четири години, Стајковци и околните села беа силно погодени од катастрофални поплави, во кои животот го загубија 22 лица.

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски преку социјалните мрежи се присети на катастрофата што се случи во овие населби, додавајќи дека животот сега е вратен во нормала.

„Со тага се присетуваме на денешниот ден, кога пред 4 години Скопје беше погодено од големо невреме кое предизвика поплави во селата Стајковци, Смилковци, Сингелиќ и Арачиново, при што животот го загубија 22 наши сограѓани.

Денес животот во овие скопски места е вратен во нормала, за што сведочат асфалтираните улици, исчистените речни корита и нова водоводна мрежа, а граѓаните и денес зборуваат за пружената помош, за херојството и солидарноста кои беа демонстрирани од страна на нашите сограѓани од целата држава.

Никогаш да не се заборави, никогаш да не се повтори“, напиша Спасовски.

InterServer Web Hosting and VPS