Американскиот милијардер е нов сопственик на Рома

Американскиот милијардер Дан Фридкин ќе стане нов споственик на Рома. Италијанските медиуми објавија дека Џејмс Спалота потпишал голем дел од документите за продажба на клубот и наскоро истиот ќе биде во рацетото на групацијата Фридкин.

Комплетното превземање на римскиот тим ќе биде реализирано до крајот на овој месец, остануваат да се прецизираат одредени детали, договорот е тежок околу 600 милиони евра.

Навивачите на Рома конечно ќе можат да здивнат, дел од играчите ќе останат во тимот, истите нема да се продаваат по било која цена.
Новиот сопственик на италијанскиот тим тежи четири милијарди евра, тој е познат како дилер на автомобилскиот бренд Тојота, како и дурги бизниси во Америка.

InterServer Web Hosting and VPS