Кристијано Роналдо го купи најскапиот автомобил на светот Bugatti La Voiture Noire

Португалската фудбалска ѕвезда, ведета на репрезентацијата на Португалија и првиот играч на италијанскиот фудбалски клуб Јувентус, го купи најскапиот автомобил во светот, Bugatti La Voiture Noire .

Роналдо, кој неодамна му помогна на својот клуб, споменатиот италијански гигант Јувентус, да го освои 36-то првенство, се почести со овој подарок, инаку планираше за производство во серија од само десет примероци.

Цената на еден примерок на моделот Bugatti La Voiture Noire или едноставно Centodieci изнесува околу 8,5 милиони евра.

Фудбалската ѕвезда ја извести јавноста за ова преку својот профил на Instagram, каде позираше со скапиот автомобил и напиша неколку зборови, во стилот „Вие го избирате погледот“.

Така 35-годишниот фудбалер дополнително го искажа својот „стил“ кога во иницијалите на автомобилот го внесе акронимот CR.

Вкупната вредност на автомобилите во гаражата на Роналдо сега се проценува на набавна вредност од над 30 милиони евра.

Новиот Bugatti La Voiture Noire е во можност да достигне брзина од 380 км/ч, додека од 0 до 100 км/ч забрзува за само 2,4 секунди.

Испораката на скапиот „убавец” на четири тркала ќе се случи некаде во текот на следната година.

Фактот дека Роналдо го купил најскапиот автомобил на светот во никој случај не може да се третира како изненадувачки настан, особено поради добро познатата, одлична врска меѓу фудбалерот и компанијата Bugatti.

Имено, неодамна, Bugatti и Nike се договорија да претстават специјални обувки за Кристијано Роналдо.

Марката од светот на спортската опрема, во тандем со Bugatti, ја претстави Nike Mercurial Superfly CR7 Dieci, инспирирана од моделот Centodieci, односно моделот Bugatti La Voiture Noire.

Да додадеме дека Bugatti La Voiture Noire е последниот додаток на флотата на Кристијано Роналдо, на која многумина со право му завидуваат.

Тој е познат како љубител на автомобили, па затоа веќе поседува модел од иста куќа, Bugatti Veyron Grand Sport Vitesse.

Покрај автомобилите од марката Bugatti, во паричникот на Роналдо се наоѓаат и сообраќајните дозволи за: по еден примерок на егзотичните модели Ferrari 599 GTO, Lamborghini Aventador, McLaren MP4 12C….

Како што си е, се чини не е премногу паметен, тој ги „чести“ фановите со фотографии од неговите автомобили.

Инаку овој познат фудбалер има дури 233 милиони фанови низ целиот свет.

Португалецот го поплави светскиот печат минатата година, така што ја поттикна љубопитноста на медиумите со неговата објава за купување јахта вредна 5,5 милиони британски фунти. За јахтата се знае и дека има пет луксузни соби и шест специјално „скоцкани“ бањи.

InterServer Web Hosting and VPS