Во пожар во болница во Индија загинаа осум пациенти со коронавирус

Во пожар што избувна утрово во болница во западна Индија загинаа осум пациенти заболени од новиот коронавирус, соопштија официјални лица. Пожарникари со 15 противпожарни возила го гаснеле пожарот во одделот за интензивна нега во болницата Шреј во Ахмедабад, што бил изгаснат за половина час, изјави претставник на пожарникарите. Според него, 35 пациенти биле пренесени во други болници. Официјален претставник од индиската држава Гуџарат изјави дека најверојатна причина за пожарот е краток спој. Тој додаде дека еден болничар добил изгореници додека се обидувал да го изгасне пожарот.

InterServer Web Hosting and VPS