5 Ментални пореметувања што ги предизвикува Ковид 19 кај повеќе од 60% од пациентите.. СТРАШНО!

За жал, Коронавирусот не завршува на денот кога ќе добиете втор негативен тест. Научниците од целиот свет докажаа дека многу пациенти можат да имаат последици дури и откако вирусот го напушти Вашиот организам, како што се оштетување на бубрезите, хроничен замор и слично.

Покрај физички, научниците докажаа дека Коронавирусот влијае и на менталното здравје. Имено, студиите покажуваат дека скоро 60% од пациентите билр заразени со Ковид-19 по закрепнувањето развиваат едно или повеќе од следниве 5 ментални нарушувања:

1. Опсесивно компулсивно нарушување (OCD)

Имало случаи во кои е забележано дека вирусот на корона го влошува OCD, но според студиите, кај 20% од пациентите ова нарушување се развива по Коронавирусот.

2. Посттрауматично стресно нарушување

Со оглед на психолошката траума предизвикана од борбата против коронавирусот, не изненадува што 28% од пациентите кои учествувале во студијата имале посттрауматично стресно нарушување.

3. Депресија

Откриено е дека Ковид-19 влијае на мозокот на многу начини, а депресијата е една од нив. Клиничка депресија е забележана кај 31% од учесниците во студијата.

Покрај тоа што се забележува дека вирусот корона може да предизвика некои ментални нарушувања, докажано е и дека може да ги влоши состојбите од кои веќе страдале Ковидни пациенти пред да се заразат.

4. Несоница

И додека многу луѓе се борат со хроничен замор откако страдаат од Коронавирус, дури 40 % од испитаниците во оваа студија имаа проблем со несоница.

5. Анксиозност

Најголем број учесници во студијата пријавиле анксиозност како ментално растројство откако страдале од Ковид-19 – 42% од нив.

Покрај тоа, студијата открила дека менталното здравје на мажите по Коронавирусот е значително подобро од здравјето на жените, пренесува „Бестлајф“. Според сите параметри, жените имале поголем ризик да развијат и вознемиреност и депресија.

Научниците стравуваат дека овие нарушувања, иако предизвикани од минлива состојба, би можеле да останат како трајна последица на инфекција со Ковид-19.

Студијата е спроведена во болницата „Сан Рафаел“ во Милано на 402 пациенти, 265 мажи и 137 жени, еден месец откако биле отпуштени од болницата каде биле лекувани од Коронавирус. За време на студијата, научниците забележале дека воспалението на органите во организмот игра голема улога во развојот на споменатите ментални нарушувања и дека колку е поголемо воспалението, толку е поголема депресијата.

InterServer Web Hosting and VPS