Физички нападнати продавач и обезбедувач во Кавадарци

Кавадарци, 5 авг – Вчера вечер ,околу 20.30 часот, додека извршувал работни задачи во маркет во Кавадарци, продавачот С.Д.(37), бил физички нападнат од едно, од вкупно две непознати лица, кои се обиделе да извршат кражба.

Тие се обиделе да украдат производи од маркетот кога продавачот ги спречил.

Физичкиот напад бил пријавен во полициската станица во Кавадарци. Се работи на пронаоѓање на лицата и расчистување на случајот.

Рано утринава,околу 05.30 часот, В.К (48), додека бил на работа како обезбедување во казино во Кавадарци, бил физички нападнат од Л.Ј.(55).

Напаѓачот Л.Ј. бил лишен од слобода. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес.

InterServer Web Hosting and VPS