После Боатенг, и Наинголан во Фиорентина

Фиорентина е блиску до трансфер на играчот од среден ред на Интер, Раџа Наинголан.

Иако, Белгискиот фудбалер во последно време водеше разговори за враќање во Каљари, сепак Виола му се попречи на патот, па сега таа ги води преговорите за неговиот потпис.

„Скај спорт Италиа“ пишува дека набргу ќе се постигне договор за едногодишно позајмување на 30 годишниот играч, кој е заинтересиран да премине кај Фиорентина.

Според истиот извор, во договорот се очекува да биде вклучена и опцијата за купување на белгискиот репрезентативец на крајот на сезоната, а дотогаш Интер ќе му ја покрие платата. Ако овој трансфер успее, Наинголан ќе му се придружи на Кевин-Принс Боатенг кој веќе потпиша со сопственикот на Виола, Роко Комисо.

InterServer Web Hosting and VPS