Двајца починати и 77 нови случаи на Ковид-19 во Грција

dav

Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани два смртни случаи од Ковид-19 и 77 новозаразени, од кои осум се по направените тестови на влезните точки во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, најголемиот број нови случаи- 28 се во областа Атика, поширокиот дел на Атина, а регистрирни се случаи во повеќе различни делови на Грција.

Нови позитивни случаи има на островите Крф (пет), Крит (три), Евија (два), на Кикладските острови (два) и еден на Лезбос, додека пак 11 се од кластер свадби во градовите Александруполи и Солун.

Од почетокот на епидемијата во Грција се регистрирани вкупно 4.737 случаи, а починаа 210 лица.

InterServer Web Hosting and VPS