Потрагата по малолетникот кој исчезна во водите на Преспанско Езеро продолжува изутрина

Ресен, 3 авг – Потрагата по малолетникот кој исчезна во водите на Преспанското Езеро е привремено прекината поради временските услови, но рано изутрина продолжува се до пронаоѓање на момчето, потврдија за МИА од Министерството за внатрешни работи.

Како што соопшти претходно МВР, во Полициска станица Ресен вчера во 18:18 часот од Итната медицинска помош било пријавено дека во туристичката населба „Претор“, во водите на Преспанското Езеро исчезнал 16-годишен малолетник од Ресен.

Надлежните служби денеска преземаа мерки за пронаоѓање на лицето и расчистување на случајот.

InterServer Web Hosting and VPS