Дали се во опасност учениците во училиштата? – Педијатарот Кокале: Децата многу малку се заразуваат

Скопје, 3 авг – Нема опасност ако учениците се вратат во училиштата. Податоците од СЗО, но и случаите во земјава покажуваат дека децата многу малку се заразуваат со Ковид-19. Педијатарот Кокале оценува дека најголема опасност ќе биде доколку децата не се вратат во училиштата, бидејќи може да останат неписмени.

„Заразноста со Ковид-19 кај децата е многу ретка. Септември ќе дојде брзо и децата од прво до деветто одделение апелирам да продолжат со едукација и ресоцијализација и школувањето да биде во рамки на нормалата, бидејќи вака ако ги оставиме, за кратко време ќе станат неписмени“, истакна Илбер Кокале.

Вели дека училиштето ќе биде најбезбедно место за децата доколку настават а се одвива според пропишаните протоколи. Тој смета дека децата немаат развиени способности за онлајн настава.

„Тие не се подготвени за онлајн настава. На учениците од гимназиите и студентите им се достапни социјалните мрежи, информатичките мрежи, но оваа возрасна група не. Подоцна ќе се почувствуваат ефектите од оваа генерација“, додаде Кокале.

Од друга страна, има епидемиолози оценуваат дека враќањето на учениците во школските клупи е опасно. На тоа со сомнеж гледаат и од Синдикатот за образование, наука и култура. Заменик министерката за култура, Елизабета Наумовска беше децидна учениците да се вратат во училиште.

На прашање од ТВ21 од МЗ  велат дека за ова прашање ќе се произнесат утре. Во текот на утрешниот ден се очеува и враќање на дискусиите во Комисијата за заразни болести и изработка на наставни протоколи. Предлози дадоа и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ од каде што побараа и отворање на градинките.

Пред неколку дена заменик министерката Наумовска рече дека МОН препорачува наставниот час да трае 20 минути, а во една паралелка да има најмногу 15 ученици. Доколку има повеќе од тоа, да се поделат во две групи, при што една недела едната група ќе следи настава од дома а другата во училиште, а потоа да се направи ротација. Сите дилеми се очекува да се решат пред 15 август.

InterServer Web Hosting and VPS