Остатоците од курбаните фрлени по улица – се шири лоша миризба, опасност од ширење болести

Скопје, 3 авг – Фрлени остатоци од курбаните насекаде и лоша миризба, ова е состојбата околу регионалниот пат на поранешната општина на Осломеј. Овие денови ваквата состојба е влошена поради фрлените остатоците од курбаните фрлени по улица. Поради високите температури се шири лоша миризба, а истовремено се опасност по здравјето на луѓето.

„Се наоѓаме на улицата која го поврзува Кичево со екс општината Осломеј, оваа улица води до неколку села од Кичево. Овде зад мене има отпад, Кичево или екс општина Осломеј со отпад се соочува  долго време,  а овие денови граѓаните се жалат дека се чувствува лоша миризба поради тоа што некои жители ги фрлале остатоците од курбаните за Бајрам“, истакна репортерката на ТВ21.

Најпогодено од ваквите диви депонии е селото Црвица. Жителите испратиле жалби до раководството на локалната заедница. Тие апелираат до граѓаните да бидат посовесни бидејќи на овие високи температури остатоците од курбаните можат да бидат причина за ширење на некоја болест.

„Последниве денови имав жалби од селаните дека некои од селаните и дел од граѓаните фрлале отпад, остатоци од животни низ улиците на недозволени места. Знаејќи дека овие остатоци се опасни гледајќи ги високите температури, сакам да апелирам до населението на Кичево и Осломеј да внимаваме, да не ја барам,е причината кај институциите на општината туку да бидеме свесни и да не фрламе остатоци од животни и друг отпад насекаде“, вели Бетим Киљоси.

Кичевското муфтиство поради пандемијата со Ковид-19 донесе одлука дека нема да ги собира остатоците од курбаните како што правеше минатите години. Од таму велат дека упатиле апел истите да не се фрлаат туку да се затрупаат со земја со цел да се зачува здравјето на граѓаните. Но изгледа дека овој апел не наиде на слух.

„Поради ширење на болеста “син јазик“ кај овците, Кичевското муфтиство оваа година порача да не се носи жива стока, од друга страна поради пандемијата Ковид19, Муфтиството на Кичево оваа година нема да организира собирање на кожата на закланите животни поради што ви препорачуваме истите да ги закопувате во земја“, велат од кичевското муфтарство.

За собирањето на остатоците од животните, ТВ21 контактираше и со ЈП КХ Кичево од каде велат дека собирањето на курбаните не е под надлежност на ова претпријатие особено  низ кичевските села, кај кои КХ не го собира отпадот. Претходно собирањето на курбаните беше обврска на Муфтиството на Кичево.

InterServer Web Hosting and VPS