Ќе седнат ли учениците во училишните клупи на 1 септември?

Ќе заѕвони ли училишното ѕвонче во септемви, ќе бидат ли безбедни децата и колку време ќе можат да издражат со маски и на дистанца за да се одржи училишниот час, останува енигма. До 10 август ќе има конечна одлука како ќе започне и како ќе се реализира новата учебна година, информираат од министерството за образование.

Од таму за Канал 5 велат дека и натаму остануваат на ставот дека наставата во училница е незаменлива затоа се прват напори да се создадат модели од 1 септември учениците да седнат во училишните клупи. Пред неколку дена заменик-министерката за образование Елизабета Наумовска објасни дека ако се почитуват мерките на комисијата за заразни болести, децата ќе бидат безбедни во училиште. Во меѓувреме општините треба да направат акциски план според бројот на ученици. Има опшини каде децата се малку и ќе може да се запази дистанцата па ирелеванто е тие дечиња да седат дома. Во поголемите опшини пак се разгледува комбиниран модел на учење. Ако една паралелка има поголем број ученици, тогаш ќе биде поделена во две групи, настава ќе држи истата наставничка. Таму се разгледува опција дел од наставата да биде и од дома, велат од министерството.

Во исчекување на конечната одлука, дел од епидемиолозите предупредуваат дека децата до 14 години повеќе заразуваат отколку тие над 13. Епидемиологот Драган Даниловски, за Канал 5 објасни дека согласно сегашната епидемиолошка слика, не треба да се избрзува со отворање ниту на училиштата ниту пак на градинките.

Од Опозицијата пак и денеска реагираа дека е потребно во текот на овој месец да се донесат конкретни решенија за да се подготват просветните работници, родителите и учениците за новата учебна година. ВМРО-ДПМНЕ даде и свои предлози за како што велат да не се создаде криза и во образовниот процес. Од таму побараа и бара прекувремената работа на наставниците да им биде надоместена, а предложија и отворање на градинките.

InterServer Web Hosting and VPS