Volkswagen ги проширува погоните во Познан

Новиот Caddy нема да доцни на пазарот бидејќи во Волфсбург ги прават сите неопходни подготовки за успешен и навремен старт на популарното лесно комерцијално возило
Инаку, процесот за зголемување на производствените капацитети Volkswagen ги започна пред две години.

Станува збор за фабриката на Volkswagen во Познан (Poznan), во Полска што речиси целосно подготвена за новиот Caddy.

Измените направени за време на реновирањето и преуредувањето на погоните опфаќаа изградба на сала за логистика и ре – конфигурација на локацијата на фабриката.

Дитмар Мних (Dietmar Mnich), претседател на Управниот одбор на Volkswagen Poznań и директор на истата фабрика, за време на посетата на погоните рекол: „Завршивме околу 90% од капиталната инвестиција за да ја подготвиме фабриката за производство на најновите модели, особено за новиот Caddy. Првите неколку возила што ги тестираат производните процеси во моментот поминуваат низ новите погони.

Планираме да започнеме со целосно производство во септември тековната 2020 година, а потоа постепено да го зголемуваме количеството и конечно да постигнеме целосен капацитет во наредната 2021, “заклучил во својот коментар Дитмар Мних.

InterServer Web Hosting and VPS