Во повеќе црногорски градови одржани авто-литии

Во поголем број градови во Црна Гора синоќа е одржаа така наречени авто-литии во знак на протест поради усвојување на спорниот Закон за слобода на вероисповед. Во авот-литиите во Плевља, Бар и Плужине учествуваа десетина автомобили, како и во Никшиќ и во Жабњак.

Приврзаниците на Српска православна црква синоќа организираа колона од десетина автомобили, кои со развиоорени српски знамиња и свирејќи поминаа низ Жабљак и приградските населби.

Авто-литиите не беа пријавени во полиција поради што возилата беа запрени и евидентирани учесниците.
Протестот е организиран со возила поради епидемиолошката состојба предизвикана од епидемијата со новиот коронавирус.

Литии се одржуваа неколку месеци секој четврток и недела, но беа прекинати во март по воведувањето на мерките за сузбивање на заразата.

InterServer Web Hosting and VPS