Kонститутивна седница на Собранието на Србија

Конститутивната седница на новиот српски парламент по парламентарните избори на 21 јуни 2020 година, ќе се одржи денеска, ден пред истекот на рокот за верификација на мандатот. Претседателката на парламентот Маја Гојковиќ ја свика првата седница на Народното собрание на 3 август, бидејќи крајниот рок за верификација на мандатот е најмногу 30 дена од објавувањето на резултатите од изборите.

На агендата на денешната седница ќе бидат опфатени пет точки, потврда за мандатот на пратениците, избор на претседател, потпретседател и генерален секретар на собранието, како и избор на членови на парламентарните работни тела.

InterServer Web Hosting and VPS