Пандев со Џенова избори опстанок во Серија А

Тимот на Џенова за кој настапува македонскиот репрезентативец Горан Пандев и следната сезона ќе игра во најквалитетното фудбалско натпреварување во Италија.

Ова е епилогот по вечерашните средби од последното, 38. коло во Серија А по кое беше решена и последната непознаница.

Џенова ја совлада Верона, додека нивниот директен конкурент во борбата за опстанок, екипата на Лече на домашен терен загуби од Парма.

Горан Пандев одигра 83 минути и забележа асистенција при вториот погодок на домаќините.

Резултати на последните пет натпревари од Серија А во сезоната 2019/20:

СПАЛ – Фиорентина 1:3
Болоња – Торино 1:1
Џенова – Верона 3:0
Лече – Парма 3:4
Сасуоло – Удинезе 0:1

Шампион е Јувентус, а со него во Лигата на шампионите се пласираа Интер, Аталанта и Лацио.
Во Лигата на Европа ќе играат Рома и Милан.

Покрај Лече, од претходно веќе се знаеше дека лигата ќе ја напуштат Бреша и СПАЛ.

InterServer Web Hosting and VPS