Осомничен за убиство избега од ќелија на 12-ти кат со помош на чаршафи

Маж осомниечен за убиство избегал од американски затвор спуштајќи се со помош на врзани чаршафи од ќелија на 12-ти кат, пренесува во неделата британскиот весник The Independent.

Триесет и четиргодишниот Пабло Робледо, заедно со затвореникот од истата ќелија Хозе Ернандез, ги искористил чаршафите за да се спушти од окружниот затвори во Оклахома Сити.

Робледо, кој е во затвори поради обвинение за убиство од прв степен, го пронашла и уапсила локалната полиција во петокот попладнето. Ернандез, пак, паднал од импровизираното јаже од четвртиот кат кршејќи си ја ногата, пред да биде откриен и уапсен.

Портпаролот на затворот, Мек Малинг, изјавил дека затворениците претходно од прозорецот фрлиле душек за полесно да се приземјат при бегтвото, и дека Робледо бил забележан на снимкиет на затворскиот видеосистем околу 5,30 часот утрото во петокот, кусо пред неговото бегство.

Фотографиите прикажуваат јаже направено од чаршафи поврзани со јазли кои сѐ уште виселе од затворската зграда.

Локалниот телевизиски канала KOCO потсетува дека во 1991 година, кога затворот бил изграден, инженерите и архитектите рекле дека поади неговиот дизајн од затворот вреден 52 милиони долари, е невозможно да се побегне. Само два месеца подоцна се случило првото бегство.

Според приологот од затворот ткн „ The Oklahoman“, 27-годишниот Бил Линвил со дршка од метла го скршил прозорецот на вториот кат. Бил на слонода само седум часа. По помалку од една седмица, побегнал уште еден затвореник.

InterServer Web Hosting and VPS