Спасовски: Нашата борба за слобода и правда преку Илинден беа столбовите на Републиката и на државноста

Скопје, 2 авг – „На денешен ден, 2 Август – Илинден, е поставен најцврстиот темелник во основата на македонската државност. Нашата борба за слобода и правда преку Илинден во 1903 година, а потоа и на вториот Илинден, во 1944 година, беа столбовите на Републиката и на државноста. Борбата на сите наши илинденци никогаш не била мотивирана ниту за територии, ниту пак за доминација на една држава врз друга, ниту пак на еден народ врз друг”, порача премиерот Спасовски, потсетувајќи дека од Крушевскиот манифест, а потоа и со декларацијата и решенијата на АСНОМ, во борбата за слободна и праведна македонска држава се повикани сите чесни добронамерни граѓани без разлика на пол, вера, убедување и народност, водени од желба за подобар живот.

„Во остварувањето на оваа цел, Македонците, Албанците, Турците, Власите, Србите, Ромите, Бошњаците, и сите други, остваруваа и ги делеа заеднички победите кои ни ја овозможија денешна Република Северна Македонија – држава членка на НАТО, земја на пат за членство во Европската Унија, земја која меѓународната заедница ја прогласи за најуспешната приказна на Западен Балкан во последните три години”, рече Спасовски честитајќи го големиот државен празник.

InterServer Web Hosting and VPS