Одбележувањето на Илинден без масовни собири и со здравствени протоколи

Наместо Талат Џафери делегацијата на Мечкин Камен за Илинден ќе ја предводи Горан Мисовски од НСДП. Последниот собраниски спикер нема да присуствува на централната манифестиација на 2 август годинава поради влошената здравствена состојба.

Мисовски за ТВ24 потврди дека како еден од тројцата потпретседатели од последниот собраниски состав ќе ги предводи политичарите и диопломатите во Крушево. Од меморијалниот центар во Пелинце ќе се обрати шефот на државата Стево Пендаровски, додека Оливер Спасовски ќе го чествува Илинден во Скопје. На сите локации комисијата за заразни болести дала препорака за посебни услови на славење. Ќе има само обраќања, но не и ора и песни. Маски се задолжителни за сите. 

– Во зависност од бројот на учесници на настанот , се предвидуваат мобилни и хемиски тоалети, како и медицински екипи со санитетско возило. Забрането ќе биде служење и поставување штандови со храна и пијалоци, а служење вода ќе биде дозволено само ако е оригинално спакувана. – велат од Влада.

Под посебни протоколи ќе се одржи конситутутивната седница во Собрание. Закажана е за 4 август, но извесно е дека со неа ќе претседава Џафери кој деновиве беше хоспитализиран на Инфективната клиника со  симптоми на Ковид-19, а со негативни тестови.

Политичарите ги трошат последните денови одмор и ситно бројат до формирањето на новата влада. Неофицијално ТВ24 вчера објави дека по тројца луѓе од доверба на Ахмети и Заев веќе преговараат.

Официјално се чека да помине Илинден па да ги засукаат ракавите. Според последниот јавен настап, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за во опозиција и не гарантира дека тој ќе формира влада, туку најави можни предвремени во октомври. Но, од друга страна СДСМ порачува дека ќе формира стабилна влада, а нови предвремени наесен не доаѓаат в предвид.

InterServer Web Hosting and VPS