Нешто најслатко што ќе го видите денеска: Во берлинската зоолошка градина родено многу ретко животно

Не, ова не е ракун, ова е бебе црвена панда.

Ретката црвена панда е родена во зоолошката градина во Берлин, само неколку месеци откако нејзините родители пристигнале од Индија, соопштила денеска зоолошката градина. 

Младенчето е пронајдено на 6-ти јуни во пештерата во која живее неговата мајка, а сега има големина на морско прасе.

Полот на младенчето уште не е утврден и уште не добило име, пренесува “AP”.

Тоа е 10-тата црвена панда која ќе биде одгледана во берлинската зоолошка градина, како дел од меѓународната програма за заштита на загрозени видови.

Младенчето веројатно ќе биде изведено пред посетителите во септември, кога се очекува да ја напушти пештерата и да почне да го истражува отворениот дел од просторот за црвените панди.

Родителите на малата панда, мајката Шине и таткото Џоел, кои потекнуваат од Зоолошкиот парк Дарџилинг на Мали Хималаи, добро се чувствуваат во новото окружение, се наведува во соопштението од зоолошката градина.

Живеалиштето на црвената панда е на истокот на Хималаите и во југозападна Кина.

InterServer Web Hosting and VPS