Konami произведува компјутери наменети за гејмери (ВИДЕО)

Konami претстави 3 модели на компјутери кои се дел од Arespear линијата, како и два модела на гејмерски тастатури и гејмерски слушалки.

Куќиштата имаат црни и сребрени панели кои се разликуваат од Apple Mac Pro. Најевтиниот е Arespear C300 кој чини 1.750 долари. Тој пристигнува со i5-9400F процесор, GTX 1650 графика и 8GB RAM, како и 512 GB SSD меморија.

Подобриот модел е C700 кој чини 3.200 долари, а тој поседува i7-9700 процесор, RTX 2070 супер графика, 16 GB DDR 4 RAM 512 M.2 PCle SSD меморија и хард диск од 1 TB.

Arespear произведува и H100 слушалки кои обезбедуваат висококвалитетен и моќен звук. Продажбата во Јапонија почнува во декември, пишува Engadget.

InterServer Web Hosting and VPS